More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 07 Декември, 2023

    spot_img

    Извадок на дел од дневните настани

    Денеска (07.12.2023), полициски службеници од ЕВР Чаир ги лишиле од слобода М.Д.(35), Р.К.(33) и А.И.(36), сите од Скопје од Скопје. Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на 06.12.2023 во спортска обложувалница на подрачјето на Шуто Оризари со закана кон вработената oдзеле пари од касата. При претрес во домот на М.Д.,  извршен со судска наредба,  биле пронајдени и одземени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. По целосно документирање на случајот, ЕВР Чаир до ОЈО Скопје ќе поднесе соодветна пријава.  

     Полициски службеници од СВР Битола, на 05.12.2023 го лишиле од слобода Т.К.(38)од Битола.

    Тој се сомничи дека истиот ден извршил „тешка кражба“ во куќа во Битола и одзел накит и други предмети. Со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 06.12.2023 во 18.15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ф.К.(33) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка која ја поседувал без дозвола. Запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 06.12.2023 во 23.10 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Д.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     Денеска (07.12.2023) во 00.30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.(39) и Н.С.(30), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 06.12.2023 во 20.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.К.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено свлетло, 29 мерки за некористење на сигурносен појас…

    Во текот на изминатата недела, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциски контроли за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 155 возачи. Од нив, 115 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 9 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани возила и 10 за неносење зимска опрема.

    На 06.12.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Центар, М.Д.(32) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ бил каснат од куче скитник.

    На 06.12.2023 во 21.15 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Ј.(34) од Скопје пријавила дека на бул.„12 Македонска бригада“ била касната од куче скитник.

     На 06.12.2023 во 21.10 часот во Полициската станица Чаир, Ј.Ј.(53) од Скопје пријавил дека на ул.„Босна и Херцеговина“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img