More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 06.03.2023

    spot_img

    На 05.03.2023 во 20.35 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 04.03.2023 во 18.30  часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Ј.Л.(29) од с.Блаце, скопско.  Имено, на место викано „Радушки мост“, атар на с. Радуша, полициски службеници извршиле контрола во возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени повеќе производи без документација, а кои ги донел од Косово.  Со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 05.03.2023 во 14.30 часот на граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Г.(33) од Република Турција затоа што на увид приложил фалсификуван зелен картон за возилото што го управувал. Тој бил задржан во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 407 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 228 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, 61 санкција за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за возач почетник…

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 407 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 228 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, 61 санкција за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за возач почетник…

    Во текот на вчерашниот ден (05.03.2023) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на населба Драчево во Скопје. При контролата санкционирани се 120 возачи, од кои 80 за возење повеќе од дозволената брзина, 10 за возење без возачка дозвола, две мерки за возење под дејство на алкохол…

    На 05.03.2023 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 74 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш,  24 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Валандово и 4 на подрачје на Гевгелија. 38 прекршувања на брзината биле констатирани во населено место, а 36 надвор од населено место. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

    На 05.03.2023 во периодот од 12.00 до 18.00 часот, при спроведени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 49 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-26, Кичево-22, Дебар-01). Против нив се поднесени соодветни платни налози.

    На 05.03.2023 во 14.35 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Ј.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник.

    На 05.03.2023 во 13.45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.Д.(58) од Скопје пријавил во населбата Ѓорче Петров бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img