More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 05 април, 2023

    spot_img

    Денеска (05.04.2023) во 10.05 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги го лишиле од слобода Т.П.(32) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторени кривични дела „кражба“ по член 235 и „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

     На 04.04.2023, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.К.(33)  од Прилеп и Т.П.(23) од Битола. При претрес во домот на М.К., извршен со судска наредба, каде била затекната Т.П., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.    

     На 04.04.2023 околу 09.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Т.(32) од тетовско Одри и А.А.(34) од тетовско Слатино. Тие се сомничат дека извршиле кражба од објект во изградба на улица „Илинденска“, сопственост на 57-годишниот С.Х. од тетовска Мала Речица, а во чија фирма двајцата биле вработени. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 04.04.2023 во 23.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     На 04.04.2023 Секторот за внатрешни работи Битола, криминалистичката полиција при СВР Битола и Надворешните канцеларии за криминалистички работи во Прилеп и Ресен во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контроли на повеќе локации во Битола, Прилеп и Ресен каде се врши трговија со отпад. Во Битола била извршена контрола на три локации во населба „Баир“, кои ги користат А.А.(41), Ф.М.(44) и И.Џ.(46 ), сите од Битола, при што било констатирано дека не поседуваат никаква документација и дека немаат регистрирано правно лице за вршење на дејноста. Во Прилеп била извршена контрола во складишта во с.Мало Коњари, во с.Селце и на плац на ул.„Гостиварска“ во Прилеп, кои ги користел А.Ш.(54) од Прилеп, како и на плац на ул.„Беровска“, кој го користел К.И.(31) од Прилеп. При контролата, исто така, било констатирано дека лицата вршеле дејност без регистриран правен субјект.  И во Ресен биле извршени контроли на две локации на кои се вршел откуп на отпад, а кои ги  користеле К.М.(40) и З.Ј.(52) од Ресен. Притоа, било констатирано дека лицата не поседуваат никаква документација за дејноста која што ја вршат и немаат регистрирано правно лице за вршење на дејноста. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

     На 04.04.2023 во 19.45 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ била задржана Х.Д.(20) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека го пречекорила дозволениот туристички престој во државата. Таа била предадена на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.

     На 04.04.2023 во СВР Битола било пријавено дека во с.Драгожани, битолско, била пронајдена артилериска граната со калибар 75 мм. од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.   

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за непрописно престројување на возила. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за прекршоци што ги прават пешаците, три санкции за некористење сигурносен појас…

     Вчера (04.04.2023) во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани биле 68 возачи. Од нив, 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 24 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

     На 04.04.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 51 прекршоци, од кои 38 надвор од населено место и 13 во населено место. Санкционирани биле и 9 други видови на прекршоци, од кои 1 за управување возило без возачка дозвола, 1 нерегистрирано возило, 1 за некористење сигурносен појас и 6 за непрописно паркирање.

     На 04.04.2023 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 48 пречекорување на брзината, од кои 17 на подрачје на Радовиш, 16  на подрачје на Струмица, 11 на подрачје на Валандово и 29 на подрачје на Гевгелија. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

     На 04.04.2023 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за брзина со која се движат возилата во и надвор од населено место. При контролата биле откриени и санкционирани 31 возач (ТЕ-18 и ГВ-13) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 3 возачи (ТЕ) за повеќе од 70 километри на час од дозволеното, а 3 возачи (ТЕ) до 70 километри на час повеќе од дозволеното. Покрај ова, биле санкционирани и 5 (ТЕ) возачи кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, како и 4 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-3).

     На 04.04.2023 во 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Мајка Тереза“ во Скопје, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(49) од Скопје удрило во малолетничка од Гевгелија. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

               На 04.04.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.М.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Горно Лисиче“ била касната од куче скитник.

               На 04.04.2023 во 16.30 часот во Полициската станица Гази Баба, М.К.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ бил каснат од куче скитник.

     На 04.04.2023 во 11.45 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Н.(27) од Скопје пријавила дека на ул.„Трифун Хаџијанев“ била касната од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img