Денеска (01.03.2024) во 04.00 часот во с.Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с.Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено на 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било утврдено дека се работи за малолетник од Прилеп. Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с.Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело. Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик.
На 01.03.2024 во 10.30 часот на ул.„Аврам Писевски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(31) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Полициската станица Бит Пазар, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
На 01.03.2024 во 06.55 часот на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Б.(58) од с.Огњанци, скопско. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
На 29.02.2024 околу 20.50 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот тетовец Е.М.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и семки.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Денеска (01.03.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.П.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.03.2024) во 02.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.А.(32) од Велес и В.А.(34) и К.Б.(34), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.02.2024 во 23.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Ф. (26) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Т.Ф. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 29.02.2024 околу 21.25 часот во тетовско Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Р.(25) од тетовско Камењане. При негов и преглед на патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Р.(30) од истото село, а тој бил сопатник, му била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок.
На 29.02.2024 во 10.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(39) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (29.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 182 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 80 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.
На 29.02.2024 во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – косовска бригада“, пред крстосница со ул.„Адем Демачи“, патничко возило „фолксваген“ со италијански национални ознаки, управувано од А.С.(19) од с.Арнакија, скопско, удрило во пешакот С.Х.(49) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 29.02.2024 во 09.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Ј.(27) од с.Инџиково, скопско, пријавила дека на ул.„8“ во с.Инџиково била касната од куче скитник.
На 29.02.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Карпош, С.К.(25) од Скопје пријавил дека на ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 29.02.2024 во 16.10 часот во Полициската станица Аеродром, Н.В.(31) од Скопје пријавила дека на ул.„69“ во Скопје била касната од куче скитник.