More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 01 Јули, 2024

    spot_img

    На 29.06., 30.06. и 01.07.2024, за време на одржување на фестивал во Стар Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода А.С.(29) од Струмица, Д.Ш.(24) од Гевгелија, Ј.Р.(23) од Скопје, К.В.(24) од Куманово, А.А.(32) од Струмица, Д.А.(34) од Скопје, Г.И.(46) од Скопје, Ј.Б.(32) од Гостивар, В.Г.(18) од село Црничани, гевгелиско, Т.П.(18) и К.Ц.(18), и двајцата од село Миравци, гевгелиско, Г.М.(47) од Скопје, Ф.И.(19) од село Удово, валандовско, Б.С.(23) од село Батинци, скопско, Д.З.(23) од Скопје, А.А.(30) од Валандово, Н.А.(18) од Скопје, С.П.(20) од Башино Село, велешко, и еден 17-годишен турски државјанин. При преглед кај нив, како и при контрола во возила во кои се превезувале биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и таблети. За настаните бил запознаен јавен обвинител, а по нивно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

    На 30.06.2024 во 22.15 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода В.А.(32) од с.Габрово, делчевско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела тврда материја.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 01.07.2024 во 00.20 часот во полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Ј.(57) од Неготино. Тој се сомничи дека од армискиот полигон во село Криволак, неготинско, одзел метални и дрвени предмети. Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот.  За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

     Денеска (01.07.2024) во 00.30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 30.06.2024 во 23.15  часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, К.С.(23) од Скопје, додека управувал мопед „јијинг“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     На 30.06.2024 во 08.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистрален пат во близина на фудбалско игралиште во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(55) од с.Делогожда, струшко и патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од с.Радолишта, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од ОВР Струга.

     На 30.06.2024 во 14.40 часот во ОВР Гостивар, А.С. (55) од Гостивар пријавил дека на кејот на реката Вардар бил каснат од куче скитник.

     На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје. СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img