На 28.12.2022 во 12.30 часот на плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.З.(50) од Тетово затоа што кај него биле пронајдени и одземени околу 560 парчиња разновидни пиротехнички средства. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следи соодветен поднесок по член 69 став 1 од Законот за заштита од експлозивни материи.
На 28.12.2022 на ул„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Д.Р.(30), Џ.Р.(33), Д.Б.(34) и Ф.М.(41), сите од Битола. Тие биле затекнати како вршат продажба на разновидни пиротехнички средства. Пиротехничките средства биле одземени,а лицата биле задржани во полициска станица. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 28.12.2022 во 15.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(57) од Охрид. Тој бил затекнат на ул.„Јане Сандански“ во обид насилно да ја отвори возачката врата на патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Охрид, и да изврши кражба. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.12.2022 во 01.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода М.А.С.(45) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.12.2022 во 21.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.12.2022 во 21.10 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ж.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.12.2022 во 21.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.12.2022 во 21.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Б.Д.(30) и Џ.Д.(34), двајцата од Радовиш, затоа што кај нив биле пронајдени и одземение марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.12.2022 на ул.„Кузман Јосифовски“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода З.С.(26) и Д.А.(38), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.12.2022 во 23.05 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода С.Ф.(18) од с.Колибари, кичевско и А.Р.(21) од с.Ново село, кичевско, затоа што при преглед кај нив, кај С.Ф. била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.12.2022, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода Љ.П.(25) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (28.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 253 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 141 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.
На 28.12.2022 во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во тетовско Џепчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.Е.(61) од тетовско Теарце и патничко возило „фиат панда“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(40) од тетовско Слатино. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило „фиат панда“, констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.
На 28.12.2022 во 20.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, С.Ц.(21) од село Габрово, управувајки патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото удрила во банкина. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.
На 28.12.2022 во 07.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, во атар на с.Љубодраг, кумановско, патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(45) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 28.12.2022 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Е.С.(46) од Скопје пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ била касната од куче скитник.
На 28.12.2022 во 14.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.В.(34) од Скопје пријавила дека на ул.„Пушкинова“ била касната од куче скитник.