More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 28.12.2023

    spot_img
    Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки и активности и обезбедени материјално –технички докази во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар целосно го расчистија разбојништвото извршено на 26-ти ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране. Завчера и вчера (26.12 и 27.12.2023) полициските службеници лишија од слобода пет лица, а Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ против; Н.И.(39) од Дебар, Н.Р.(29) и Г.С.(36) од Струга и гостиварците Р.Б.(32) и Г.Б.(18). Тие се сомничат дека на 26-ти минатиот месец околу 22 часот и 30 минути физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552, 85 килограми канабис.
    На 27.12.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Сарај,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и Полициското одделение Сарај ги лишиле од слобода Б.А.(20), Б.А.(23), двајцата од Германија и И.Ч.(21) од с.Рашче, скопско, затоа што кај нив била  пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
    На 27.12.2023 во 17.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.Е.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
    На 27.12.2023 околу 11.30 часот, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 44-годишниот Х.И. од тетовска Голема Речица. Тој бил баран со централна потерница за издржување на затворска казна од две години и еден месец за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.
    На 27.12.2023  околу 14.30 часот во с.Челопек, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Жеровјане го лишиле од слобода И.И.(59) од село Челопек, постапувајќи по пријава дека околу 14.10 часот во селото со огнено оружје ги усмртил неговите роднини Ф.Џ.(52) и М.Џ.(28), а го повредил А.Џ.(54), сите од истото село. Осомничениот, кој, исто така, бил повреден од огнено оружје, бил приведен во полициска станица и пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово, при што биле пронајдени и одземени три пиштоли. Еден пиштол е одземен од приведениот, а останатите два биле пронајдени во непосредна близина на починатите Ф.Џ. и М.Џ.. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите биле дадени на обдукција,  а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
    На 28.12.2023 во 01.25 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Л.(26) од с.Житоше, општина Долнени, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
    На 28.12.2023, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат, извршиле контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство на малолетници после 24.00 часот, како и две кривични дела „точење алкохолни пијалоци на малолетници“, за што ќе бидат поднесени соодветни пријави. Од страна на Државниот пазарен инспекторат е издадено Решение за забрана за работа на истиот објект поради непочитување на работното време.
    На 27.12.2023 во 13.00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода О.Л.(62) од Република Турција затоа што при пасошка контрола на увид приложил фалсификуван зелен картон за товарното возило „форд“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.
    На 27.12.2023 во 13.30 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.К.Ц.(60) од Република Турција затоа што при пасошка контрола на увид приложил фалсификуван зелен картон за товарното возило „мерцедес“ со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.
    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за користење мобилен телефон при возење…
    На 27.12.2023 во 15.50 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат  Неготино – Кавадарци, кај место викано „Антени“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, управувано од С.С.(53) од село Тимјаник, неготинско, патничко моторно возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(27) од Кавадарци и патничко моторно возило ,,сеат” со  тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(54) од Кавадарци. По несреќата, во болницата во Кавадарци биле пренесени возачите С.С. и П.Ј., каде била констатирана смрт кај С.С., а кај П.Ј.биле констатирани телесни повреди. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба  на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
    На 28.12.2023 во 00.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Струмица, патничко возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 19-годишната А.Г. од село Зубово, струмичко, удрило во А.С.(43) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
    На 27.12.2023 во 20.27 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.М.(19) од Скопје пријавил дека ул.„Интернационални бригади“ бил каснат од куче скитник.
    На 27.12.2023 во Полициската станица Гевгелија, А.Ч.(43) од Гевгелија пријавил дека во Гевгелија неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
    На 27.12.2023 во Полициската станица Радовиш, Р.И.(75) од Радовиш пријавила дека во Радовиш била касната од куче скитник.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img