More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 28.04. 2023

    spot_img

    Денеска (28.04.2023) во 10.30 часот на ул.„Симеон Кавракиров“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишија од слобода Х.С.(39) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

    На 27.04.2023 во 17.00 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишија од слобода А.А.(32) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.  Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

    На  27.04.2023, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Б.В.(20) од с.Велешта, струшко. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени  марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 27.04.2023 околу 12.30 часот на ул.„Петре Георгиев“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода И.Б.(22) од Скопје. Тој се сомничи дека непосредно пред тоа на паркинг во кругот на универзитет „Св.Кирил и Методиј“ на бул.„Гоце Делчев“ од патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Т.(19) од Скопје, одзел ранец со лични предмети. Лицето било задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 27.04.2023 околу 17.10 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 37-годишниот гостиварец М.М. за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово.

    На 27. 04.2023 на улица „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Ј.(43) и С.С.(45), двајцата од Куманово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен амфетамин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 27.04.2023 околу 21.30 часот на ул.„11 Октомври“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода С.А.(42) од с.Туин, кичевско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 27.04.2023 во 17.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    Одделението за прекуграничен криминал и миграции Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Х.(31) од Република Албанија, со постојано место на живеење во Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавениот, на 26.04.2023 на граничен премин „Богородица“ допатувал со возило „тојота јарис“ со италијански регистарски ознаки и при контрола и проверка на сообраќајната дозвола и останатите документите било утврдено дека регистарските таблички припаѓаат на друго возило.

    Во текот на вчерашниот ден (27.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 188 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 97 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

    На 27.04.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 28 прекршоци, од кои 17 во населено место и 11 надвор од населено место. Санкционирани биле и 27 други видови на прекршоци, од кои, 13 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за непрописно престигнување, 1 за непочитување првенство на минување, 4 за некористење сигурносен појас, 1 за некористење заштитна кацига и 3 за непрописно паркирање.

    На 27.04.2023 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница Скопје, клучка Визбегово, патничко возило „ровер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале С.С.(53) и М.С.(54), двајцата од с.Волково, скопско, излетало од коловозот. На местото на несреќата починала С.С., а со телесни повреди се здобил М.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    На 27.04.2023 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје, патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(49) од Скопје, удрило во велосипед управуван од М.Р.(65) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Р. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 27.04.2023 во 23.30 часот во Полициската станица Чаир, С.Д.(25) од Скопје пријавила дека на ул.„Бутелска“ била касната од куче скитник.

    На 27.04.2023 во 21.15 часот во Полициската станица Кичево, И.С.(37) од Кичево пријавил дека на бул.„Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img