More

    МВР: Извадок на дел од дневни настани – 27.10.2023

    spot_img

    На 26.10.2023 околу 17 часот во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги го лишија од слобода И.С. (52) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од една и пол година, а во врска со член 131 од КЗ на РСМ. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

    На 26.10.2023 полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишиле од слобода Р.Р.(19), А.М.(26) и 21–годишната Џ.К. сите од Кочани, бидејќи при контрола на автопатот Миладиновци – Штип, кај наплатна станица „Преод“, на патничко возило во кое се превезувале, кај Џ.К. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и кафеава прашкаста материја. За настанот запознаен е јавен обвинител и по комплетирање на случајот против Џ.К. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

    На 26.10.2023 полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.Б.(40) од Свети Николе. Тој се сомничи дека во времето од 23.30 до 04.30 часот во продавница на ул. „Орце Николов“ во Свети Николе извршил кривично дело „тешка кражба“ од каде одзел пари и производи. По комплетирање на случајот против В.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.

    На 26.10.2023 година во 19.35 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишени од слобода се Е.Б.(20) од Велес, со привремен престој во Охрид и К.М.(21) од Охрид. При преглед на возило „опел корса“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Б., полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и два ножа. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 26.10.2023 во 19.05 часот во с.Колари, кичевско, од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во рамки на Одделот за гранични работи при БЈБ приведен е Л.З.(41) од истото село. Тој во патничко возило „сеат толедо“ со кичевски регистарски ознаки, со приклучна приколка, кое го управувал, превезувал нежигосано огревно дрво – бука. Исто така, при негова контрола било констатирано дека Л.З. не поседува никаква документација за дрвата. Лицето е спроведено во Полициско одделение Зајас и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (26.10.2023) околу 19.00 часот го лишиле од слобода 57-годишниот гостиварец А.Ц., кој претходно бил пријавен од вработена во продажен објект на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар дека со закана кон неа одзел повеќе производи. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.

    На 26.10.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Н.П.(32) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 26.10.2023 во 09.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Ј.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 26.10.2023 во 14.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(43) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 26.10.2023 во 14.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 26.10.2023 година во 22.40 часот, во ОВР Кичево, лишени од слобода се Р.А.(24) од Кичево и В.С.(19) од кичевското село Бачишта. При извршен преглед, полициските службеници кај нив пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Полициски службеници на СВР Тетово вчера (26.10.2023) околу 11.30 часот, во близина на крстосницата на улиците „Радован Цониќ“ и „Кузман Јосифоски-Питу“ во Тетово, го лишиле од слобода 33-годишниот тетовец Л.Б., поради сомнение дека му продал наркотични средства на 22-годишен жител на гостиварско село. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

    На 26.10.2023 година во 23.35 часот во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш гo лишиле од слобода Д.Т. (21) од Радовиш, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 26.10.2023 во 00.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров А.А.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 348 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 31 мерка за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 26 мерки за користење мобилен телефон при возење, 31 санкција за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…

    На 26.10.2023 во 19.45 часот во Полициската станица Гази Баба А.И.(59) од Скопје, пријавил дека на бул.„Александар Македонски“ бил каснат од куче скитник.

    Во текот на вчерашниот ден (26.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 198 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.

    На 26.10.2023 во ОВР Прилеп А.В.(43) од Прилеп пријави дека во близина на Градски стадион била нападната и касната од куче скитник.

    Во текот на вчерашниот ден (26.10.2023) во периодот од 16.00 до 20.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Кисела Вода во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 59 возачи, од кои осум за возење без возачка дозвола, пет санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола. Изречени се четири мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), четири санкции за возење под дејство на алкохол…На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

    Педесет и петгодишниот тетовец А.З. вчера (26 октомври) во 15 часот во СВР Тетово пријавил дека на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ бил каснат од куче скитник.

    Во текот на вчерашниот ден (26.10.2023) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 40 возачи. Од нив, 15 на територијата на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Битола… При контролата санкционирани се и 171 други видови на сообраќајни прекршоци.

    На 26.10.2023 во 14.20 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во државата, при извршена контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ц.М.(29) од Р.Косово, а во сопственост на М.И.(29) од с.Студеничани, скопско, која била сопатник во возилото, било констатирано дека истото е во оперативна евиденција како предмет на сторено кривично дело по чл.247 од Кривичниот законик. Ц.М. бил приведен, а возилото било одземено со потврда за привремено одземени предмети. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 26.10.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода А.А.(19) од Дебар, пријавил дека на ул.„Димо Хаџи Димов“ бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img