На 26.04.2023 околу 15.15 часот на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 29-годишниот З.И. од гостиварско Дебреше. Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторени кривични дела по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на затворска казна од една година и девет месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.
На 26.04.2023 во 15.40 часот на ул.„Емин Дураку“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Отсекот потраги при Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишиле од слобода С.М.(23) од Босна и Херцеговина, со привремен престој во Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор скопје за издржување на казната.
На 26.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода П.Т.(21) од с.Горно Оризари, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 13 паковки со марихуана, дигитална вага и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.04.2023 околу 02.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.Ж. од Република Косово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 26.04.2023 на ул.„Горан Миноски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Р.(32) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 26.04.2023 околу 21.40 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода А.Џ.(24) од с.Црвица, кичевско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 26.04.2023 во 19.05 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле В.Д.(29) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 26.04.2023 во објект на ул.„Даме Груев“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕЦР Центар и Бит-Пазар ја лишиле од слобода Ж.С.(49) од Скопје. По преземени мерки и активности било утврдено дека таа на 17.02.2023 во продажен објект на бул.„Никола Карев“ одзела личен предмет од С.Л.(32) од Скопје. Ж.С. била задржана во полициска станица и во службен разговор го признала делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на вчерашниот ден (26.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 142 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 79 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 63 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Во текот на вчерашниот ден (26.04.2023) во периодот од 08.00 до 13.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 16 прекршоци, од кои осум поради неисправен уред за запирање… Упатени на вонреден технички преглед се 104 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 117 други видови на сообраќајни прекршоци.
На 26.04.2023 во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ и ул.„Брадфордска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(36) од Скопје и патничко возило „шкода суперб“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(32) од с.Грчец, општина Сарај. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фиат пунто“, М.Т.(36), а со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од истото возило, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 26.04.2023 во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Л.С.(48) од Скопје пријавила дека во с.Трубарево, скопско, била касната од куче скитник.
На 26.04.2023 во 15.20 часот во Полициската станица Аеродром, Р.И.(71) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.
На 26.04.2023 во 10.15 часот во Полициската станица Карпош, Д.Б.(88) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ била касната од куче скитник.