More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 26.01.2023

    spot_img

    На 25.01.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, од Секторот за насилен криминал и од Единицата за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје бил лишен од слобода И.Б.(57) од с.Копаница, скопско. Имено, по претходно добиена судска наредба за претрес од страна на Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициските службеници извршиле претрес во домот на И.Б., при што пронашле еден пиштол „Стаер“ со две соодветни рамки и 61 куршуми калибар 9 мм. Од спроведената истрага утврдено е дека пиштолот потекнува од кражба извршена на 20.01.2023 во домот на М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.(25) од Струмица, кој на 23.01.2023 е лишен од слобода поради нејзино убиство и веќе издржува мерка притвор од 30 дена. Воедно, во координација со Управата за извршување на санкции вчера во вечерните часови извршен е претрес и во КПУ Идризово каде се пронајдени дополнителни докази во врска со извршеното кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Од страна на СВР Скопје по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик до надлежното ОЈО Скопје.

    На 25.01.2023 во 22.35 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.Д.(60) од с.Возарци, кавадаречко. Тој се сомничи дека од објект во с.Возарци, сопственост на правно лице, одзел повеќе предмети. Лицето било задржано во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 25.01.2023 во 11.35 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(55) од с.Сарај, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени 26 пакувања со хероин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 25.01.2023 во 22.35 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 25.01.2023 во 15.00 часот во село Черкези, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.С.(25) и Б.Б.(50), двајцата од Куманово. При преглед во патничко моторно возило „фолксваген голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С., а совозач бил Б.Б., била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

    На 25.01.2023 на ул.,,Новачки пат“ во Битола, од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.П.(28) од с.Горно Агларци, општина Новаци и Ф.Д.(22) од Битола. При преглед во патничко моторно возило „ауди“ со битолски ознаки, кое го управувал А.П., а совозач бил Ф.Д., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло). Изречени се 14 санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возење под дејство на алкохол…

    На 25.01.2023 на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 73 возачи. Од нив, 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 18 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

    Во текот на вчерашниот ден (25.01.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од сообраќај поради истечена регистрација. Упатени на вонреден технички преглед се 17 возила.

    На 25.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 16 прекршоци, од кои 12 во населено место и 4 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 7 други видови на прекршоци, од кои 1 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 1 за непрописно престигнување, 2 за некористење сигурносен појас и 2 за непрописно паркирање.

    На 25.01.2023 во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и станбена улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Б.С.(36) од с.Матка, скопско и патничко возило „мерцедес“, управувано од Б.Д.(40) од с.Горно Свиларе, скопско, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и двајца сопатници од возилото „мерцедес“, М.Д.(73) и малолетник од с.Горно Свиларе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 25.01.2023 во 10.00 часот во Полициското одделение Петровец, В.М.(55) пријавила дека во с.Катланово, скопско, била касната од куче скитник.

    На 25.01.2023 во 18.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат с.Подмоље– Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканиа“ со приколка, со албански национални ознаки, управувано од О.П.(39) од Република Албанија и патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(40) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници од истото возило, Ц.Д.(43) и малолетник од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

    На 25.01.2023 во 17.20 часот во Полициската станица Аеродром, С.С.(75) од Скопје пријавил дека во населбата Лисиче бил каснат од куче скитник.

    На 25.01.2023 во 18.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.А.(32) од Кичево, удрило во Л.К.(61) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.К., констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

    На 25.01.2023 во 09.45 часот во СВР Куманово, В.А.(73) пријавил дека во село Проевце, кумановско, бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img