МВР – Извадок на дел од дневни настани, 25.12.2023

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 24.12.2023 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.Р.(21) и Ш.Д.(19), двајцата од Кавадарци. При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени пет пакувања со марихуана и едно пакување со хашиш. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.12.2023 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода К.А.(25) и Б.Ј.(26), двајцата од село Черкези, кумановско. Тие се сомничат дека од И.Ѓ., такси возач кој ги превезувал до село Черкези, одзеле пари. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

На 24.12.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници го лишиле од слобода Е.С.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.12.2023 во 23.05 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.12.2023 околу 12.45 часот во тетовската населба Дреновец, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот тетовец Б.Б., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, која во меѓувреме се обидел да ја фрли. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 24.12.2023 во 16.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници лишиле од слобода четири државјани на Непал и по еден државјанин на Индија и на Бангладеш. Од слобода биле лишени Б.С.(31) од Индија и Ј.А.(22) од Бангладеш, затоа што при пасошка контрола на увид приложиле фалсификувани документи за привремен престој во Кипар. Додека, J.K.(41), P.T.(24), P.T.(25) и С.К.(28), сите од Непал, затоа што на увид приложиле фалсификувана виза. Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека документите ги набавиле од лице во Дубаи. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 24.12.2023 во 14.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле К.В.(31) од Косово. При преглед и контрола во возилото „мерцедес“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека бројот на шасијата е фалсификуван. Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Чаир и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (24.12.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 411 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, a две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 221 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 190 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за некористење сигурносен појас…

- Advertisement -
Ad image

На 24.12.2023 во 12.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, работна машина, управувана од малолетник од Прилеп, удрила во С.С.(18) од Прилеп. Во несреќата, С.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница во Прилеп. Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп.

На 24.12.2023 во 18.42 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Р-1309, во близина на „Шумската куќичка“, В.В.(47) од с.Бање, кочанско, управувајќи товарно возило „фолксваген кеди“ со кочански регистарски ознаки, удрил во метален столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.М.(47) од Кочани, констатирани во Клиничка болница во Штип. Возачот В.В. бил лишен од слобода. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани, а по целосно документирање на случајот против В.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (25.12.2023) во 01.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.Р.(32) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

- Advertisement -
Ad image

Денеска (25.12.2023) во 01.15 часот во Полициската станица Драчево, Д.Т.(58) од Скопје пријавил дека на ул. „Киро Фетак“ бил каснат од куче скитник.

Share This Article