More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 24.04.2023

    spot_img

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 157 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

    На 23.04.2023 во периодот од 11.00 до 17.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 67 пречекорување на брзината, од кои 26 на подрачје на Радовиш, 21 на подрачје на Струмица, 14 на подрачје на Валандово и 6 на подрачје на Гевгелија. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

    На 23.04.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 56 прекршоци, од кои 35 надвор од населено место и 21 во населено место. На 22/23.04.2023 во периодот од 22.00 до 04.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 18 возачи. Санкционирани биле и 13 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 3 за нерегистрирано возило, 2 за некористење сигурносен појас и 1 за користење мобилен телефон.

    Изминатиот викенд (22/23 април) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани 15 возачи (ТЕ-13 и ГВ-2) кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај 2 (ТЕ-1 и ГВ-1) биле измерени до 2 промили алкохол во крвта. Сите возачи-прекршители биле исклучени од сообраќај, изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 225 до 275 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, санкционирани се и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-6).

    На 23.04.2023 во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Ресен, кај превојот „Ѓавато”, во атар на с.Ѓавато, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, управувано од И.А.(57) од Ресен и патничко возило марка „мерцедес”, управувано од С.Ј.(52) од Ресен, двете со ресенски регистарски ознаки. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала И.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Сопатникот во возилото „сеат“ А.А.(56) од Ресен и возачот на возилото „мерцедес“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

    Денеска (24.04.2023) во 04.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.А.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Пржино“ бил каснат од куче скитник.

    На 23.04.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Карпош, А.Н.(32) од Скопје пријавила дека на ул.„Радика“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img