На 20.12.2023 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Ф.А.(19) од Виница. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 3.000 парчиња разновидни пиротехнички средства. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.
На 20.12.2023, полициски службеници од ОВР Ресен и вработени од ЈП „Национални Шуми“ од Ресен го привеле Н.К.(44) од Ресен. При контрола на негов имот во с.Прелубје, ресенско, во 14.40 часот биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувал документација и печат. Дрвата биле одземени и предадени на ЈП „Национални Шуми“ – Ресен, а по целосно документирање на случајот, против Н.К. ќе следува соодветна пријава.
На 20.12.2023 во 14.20 часот во с.Бунарџик, општина Илинден, полициски службеници од Полициското одделение Петровец го лишиле од слобода С.М.(64) од с.Бунарџик. Тој се сомничи дека околу 10.30 часот во продажен објект во селото со закана кон вработените одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица, по што било пренесено во здравствена установа во с.Бардовци, скопско. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.12.2023 во 11.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.А.(48) од Куманово. Тој се сомничи дека истиот ден влегол во куќа на улица „Никола Вапцаров“ и одзел повеќе предмети. Р.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 20.12.2023 во 20.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.Г.(26) од Велес. Тој се сомничи дека со уште едно лице во куќа во Велес, каде што извршувале промена на клима уред, одзеле пари и накит. Според пријавеното, тие искористиле прилика и го извршиле делото кога сопственикот излегол од куќата. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 20.12.2023, полициски службеници на СВР Тетово – Полициско одделение Галате лишиле од слобода малолетник од гостиварско Дебреше кој на 19-ти овој месец противправно одзел патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, а кое било оставено на локалниот пат што ги поврзува гостиварските села Дебреше и Здуње. Возилото му било вратено на сопственикот Ф.Џ.(53) од Дебреше, додека по целосно документирање на случајот на малолетникот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (20.12.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 159 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло…
На 20.12.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Карпош, В.И.(40) од Скопје пријавила дека на Средно Водно била касната од куче скитник.
На 20.12.2023 во 14.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 17 – годишник од Скопје пријавил дека на ул.„Виничка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.