На 17.07.2024 во 19.00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М.(39) од село Василево, бидејќи кај него биле пронајдени амфетамин и марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес и во неговиот дом во село Василево, при што биле пронајдени и одземени една тегла и неколку пакувања со марихуана, повеќе пакувања со амфетамин и една дигитална вага. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против Т.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2024 во 01.00 часот во тетовско Требош, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода Е.К.(21) од тетовска Палатица и Б.С.(18) од Требош, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 17.07.2024 кај вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Т.(35) од Прилеп, затоа што при преглед на патничко возило „ланд ровер” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени марихуана и грутчеста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (18.07.2024) во 03.20 часот во с.Ново Село, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.М.(24) од Струмица, Д.Б.(23) од Виница и Р.К.(25) од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.07.2024 во 09.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.О.(22) од с.Батинци, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера (17.07.2024) во 21.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен Д. Б.(31) од Скопје, кој се здобил со повреда од огнено оружје на територија на Чаир во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.07.2024 во 16.00 часот на Граничниот премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Р.(47) од Косово, затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол Србија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, 12 мерки за некористење на сигурносен појас, осум санкции за користење мобилен телефон при возење…
На 17.07.2024 во 14.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Лакавица, штипско, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Д.(30), удрило во велосипед, управуван од малолетник, двајцата од с.Лакавица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 17.07.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Центар, М.Т.(41) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар во Скопје била касната од куче со сопственик.
На 17.07.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Велес, П.С.(42) од Велес пријавила дека во Младинскиот парк во Велес, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 18.07.2024 во 01.00 часот во Полициската станица Велес, Д.С.(42) од Велес пријавил дека на улица „Љубљанска“ во Велес, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.