На 15.02.2023 во 13.40 часот во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ф.Ј.(21) и 17-годишник, двајцата од Прилеп, затоа што кај малолетникот била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Ф.Ј., при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.02.2023 во 15.40 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(38) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот одзел паричник, во кој имало пари и други лични предмети, од женска чанта во козметичко студио во Струмица. Кај него биле пронајдени парите и предметите, кои биле вратени на оштетената. Ѓ.А. бил задржан во Полициска станица Струмица, за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.02.2023 околу 15.10 часот на ул.„Вера Циривири Трена“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Е.Ј.(19) и Н.И.(24), двајцата од Штип. Тие биле затекнати веднаш по извршување тешка кражба во куќа. Кај нив биле пронајдени одземените предмети. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.02.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош ги лишиле од слобода Д.М.(20) и А.С.(27), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.02.2023 во 00.05 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ѓ.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.02.2023 во 14.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Л.(43) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.02.2023 во 21.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.02.2023 во 18.00 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Г.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.02.2023 во 21.30 часот кај месноста „Чука“ на регионалниот пат Кичево – Осломеј, полициски службеници од ОВР Кичево ја привеле Џ.А.(29) од Прилеп, со привремен престој во Кичево, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (16.02.2023) околу 00.20 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.И.(27) од тетовски Челопек и Ш.К.(23) од тетовска Стримница, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 15.02.2023 околу 22.15 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.М.(25) и Е.К.(19), двајцата од Неготино, полошко, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 15.02.2023 околу 13.00 часот на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле С.Ѓ.(37) од Охрид. При преглед во возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Г.(39) од Охрид, а сопатник бил С.Ѓ., биле пронајдени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, за кои С.Ѓ. изјавил дека се негови. Во врска со настанот, во полициска станица бил извршен службен разговор и со Х.Г.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (15.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 169 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 105 возила ја пречекорило брзината во населено место, а 64 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за возач почетник…
На 15.02.2023, во периодот од 10.00 до 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за престигнување во која биле откриени и санкционирани 17 прекршоци (ТЕ-4 и ГВ-13). Сите се однесувале на непрописно престигнување и на прекршителите им се изготвени законски предвидените поднесоци. Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата тие ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност, а некои и со времена забрана за управување од три месеци до една година.
На 15.02.2023 во СВР Битола, С.Н.(60) од Битола пријавила дека на ул.„Филип Втори Македонски“ била касната од куче скитник.
На 15.02.2023 во 19.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Ј.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Антон Попов“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 15.02.2023 во 10.15 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Б.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Митре Влаот“ бил каснат од куче скитник.