More

    МВР- Извадок на дел од дневни настани 15.02.2023

    spot_img

    На 14.02.2023 во 10.15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Д.Ј.(19) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 11.02.2023 околу 01.15 часот во Радовиш физички нападнал женско лице и се обидел да ѝ ја одземе чантата. Во службен разговор тој го признал делото, а при претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Лицето било задржан во Полициската станица Радовиш, за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 14.02.2023 во 18.15 часот на ул.„Караорман” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, со Наредба од Основен суд Битола, го  привеле Б.А.(30) од Битола. Тој бил баран по потерница за издржување на затворска казна за извршени неколку кривични дела тешки кражби. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

    На 15.02.2023 во 01.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(52) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени кафеава грутчеста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 14.02.2023 во 22.45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 14.02.2023 на ул.„4 Ноември“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода Љ.П.(37) и В.К.(35), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени амфетамин и таблета. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 15.02.2023 во 04.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 14.02.2023 во 23.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 14.02.2023 во 20.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 14.02.2023 во 21.40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 14.02.2023 на место викано „Карамански пат“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода П.Д.(31)  и  Д.Ј.(32), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 15.02.2023 во 02.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници ги привеле Д.Е.(18), Б.Л.(22) и М.И.(23), сите од Косово, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека тројцата дале на увид туѓи патни исправи. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

    Во текот на вчерашниот ден (14.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.

    Во текот на вчерашната вечер (14/15.02.2023), во периодот од 21.00 до 03.00 часот, спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 91 возач. Од нив 18 на територија на СВР Куманово, 13 на територија на СВР Скопје, 11 на територија на СВР Битола…

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, осум мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

    Вчеравечер (14/15.02.2023) од 21.00 до 03.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачи кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол, при што биле откриени и санкционирани 8 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, изготвени им се соодветни поднесоци, а времено им се одземени и возачките дозволи. Покрај ова, биле санкционирани и 17 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-7).

    На 14/15.02.2023, во периодот од 21.00 до 03.00 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале 9 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-3, Струга-2, Кичево-4). Тие се исклучени од сообраќај, одзмени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

    На 14.02.2023 во 11.40 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.Б.(34) од Скопје пријавил дека на бул.„АВНОЈ“ бил каснат од куче скитник.

    На 14.02.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ и ул.„Маршал Тито“ во Виница, товарно возило „фиат добло“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Н.(70) од Виница удрило во пешакот С.Н.(86) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н. констатирани во Јавната здравствена установа во Виница. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

    На 14.02.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Р.Н.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Радушка“ бил каснат од куче скитник.

    На 14.02.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Е.К.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„Црногорска“ бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img