МВР- Извадок на дел од дневни настани 14 Март, 2023

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денеска (14.03.2023) во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.О.(23) од с.Грчец, скопско и В.К. од Гевгелија. При претрес во домот во кој престојуваат во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.03.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, Регионалниот центар за гранични работи Југ и СВР Струмица – ОВР Гевгелија, во рамки на заедничка и координирана акција за спречување на прекуграничен криминал и со наредба од Основен суд Гевгелија, извршиле претрес во викенд куќи и други простории во с.Ума, гевгелиско, сопственост на М.П.(67) и Б.П.(60), двајцата од Гевгелија. При претресот, во викенд куќата на Б.П. била пронајдена и одземена една ловечка пушка калибар 12 мм и седум патрони за неа. Двајцата биле повикани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија пет кривични дела, од кои три кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“ извршени во периодот од јануари до март годинава од куќи, товарно возило и магацин на територијата на општина Штип. Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Џ.И.(33), С.Р.(22), П.Н.(43), Д.Џ.(32) и еден малолетник, сите од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

На 13.03.2023 во 07.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Г.Д.(42) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ 9 мм. По преземени мерки и активности било утврдено дека тој за време на празникот Коледе го нарушил јавниот ред и мир, пукајќи со пиштолот. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.

На 13.03.2023 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека на 12.03.2023 влегол во седум деловни објекти, при што одзел пари и предмети. С.М. бил приведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 14.03.2023 во 01.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 13.03.2023 во 13.25 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(21) и В.А.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

На 13.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 20 прекршоци, од кои 15 надвор од населено место и 5 во населено место. Истиот ден, во периодот од 07.00 до 12.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа биле санкционирани 14 возачи. Санкционирани биле и 25 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 6 за некористење сигурносен појас, 5 за користење мобилен телефон и 1 за непрописно паркирање.

- Advertisement -
Ad image

На 13.03.2023, во периодот од 07.00 до 12.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за престигнување, во рамките на која биле откриени и санкционирани вкупно 25 прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-11). Дваесет и три од возачите-прекршители престигнувале на забранети места (ТЕ-14 и ГВ-9) и поради тоа им се изготвени соодветни поднесоци, а санкционирани биле и 10(ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

На 13.03.2023 во 22.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на локалниот пат во с.Беранци, општина Могила, патничко возило „југо“ без регистарски таблички, управувано од Т.Т.(29) од с.Беранци, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници, Д.Т.(32) и С.Т.(21) од с.Беранци, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 13.03.2023 во 10.40 часот во Полициската станица Чаир, Р.С.(60) од Куманово пријавил дека на ул.„Љуботенски пат“ бил каснат од куче скитник.

- Advertisement -
Ad image

На 13.03.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.С.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.

На 13.03.2023 во 22.40 часот во Полициската станица Центар, А.И.(45) од Скопје пријавил дека на бул.„Филип Втори Македонски“ бил каснат од куче скитник.

Share This Article