МВР – Извадок на дел од дневни настани 13 Февруари, 2023

Lorita
By Lorita 9 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 12.02.2023 во 12.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Т.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.02.2023 во 23.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.02.2023 во 15.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција од СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.02.2023 во 15.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(24) од струмичко, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.02.2023 во 20.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.02.2023 во 11.15 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода А.Б.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.02.2023 на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Д.П.(32) од Сојузна Република Германија, со времен престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.02.2023 околу 21.10 часот во тетовски Лешок, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 25-годишниот В.Н. од тетовско Слатино, затоа што при негов и преглед на патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, во кое бил затекнат, кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (12.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 549 возачи. Од нив 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 330 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 219 надвор од населено место.

- Advertisement -
Ad image

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

На 12.02.2023 од 15.00 до 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за брзина со која се движат возилата на тетовско-гостиварското подрачје. При контролата откриени и санкционирани се 35 возачи (ТЕ-15 и ГВ-20) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 5 (ТЕ-2 и ГВ-3) за повеќе од 70 километри на час, а 9 (ТЕ-3 и ГВ-6) до 70 километри на час повеќе од дозволеното. Покрај ова, санкционирани се и 44 пречекорувања на брзината (ТЕ) во населено место, како и 4 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-1). На сите прекршители изготвени им се поднесоци.

На 12.02.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 60 прекршоци, од кои 30 во  населено место и 30 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.  На 11/12.02.2023, во периодот од 22.00 до 04.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 17 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 19 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 1 за управување нерегистрирано возило, 8 за возач почетник, 2 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање.

- Advertisement -
Ad image

На 12.02.2023 во 22.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, на превојот „Стража“, патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.У.(22) од с.Поповјани, кичевско, излегло од коловозот и удрило во заштитна ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Д.Н.(19) од Кичево, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Денеска (13.02.2023) во 00.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локалниот пат с.Здуње-с.Дебреше, гостиварско, Б.С.(19) од с.Здуње, управувајќи патничко возило „опел корса“ со гостиварски регистарски, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот. Во несреќата, сопатникот во возилото В.С.(22) од с.Долна Бањица, гостиварско, се здобил тешки телесни повреди констатирани во Општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Денеска (13.02.2023) во 05.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај с.Слатино, патничко возило „даеву“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(60) од с.Теарце, излетало надвор од коловозот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а во службен разговор, сопругата на возачот изјавила дека пред несреќата на Т.Д. му се слошило, по што изгубил контрола над возилото. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 12.02.2023 во 14.50 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во Градскиот парк во Делчево, Г.К.(48) од Делчево бил каснат од куче скитник.

На 12.02.2023 во 18.00 часот во СВР Тетово, 63-годишниот тетовец М.И. пријавил дека на улица „Благоја Тоска“ бил каснат од куче скитник.

Share This Article