Тепачки, кражби, пожари, што ти не се случило во текот на вчерашниот ден во земјава. Ова се дел од немилите настани кои го одбележаа вчерашниот ден во билтенот на Министерството за внатрешни работи.
На 13.05.2023 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево привеле малолетник од селото Батинци, постапувајќи по пријава според која на 12.05.2023 во вечерните часови во скопското село, во близина на џамијата, нападнал друг малолетник од истото село и му нанел повреда со остар предмет.
Повредениот бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Со пријавениот малолетник во присуство на родител е извршен службен разговор во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 12.05.2022 во 14.00 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека од здравствена установа на подрачјето на Бардовци, Скопско, самоволно се оддалечил нивниот пациент С.И.(47) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 12.05.2023 во 23.40 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.С. (62) и Г.П.(55), двајцата од Куманово, постапувајќи по претходна пријава според која околу 23.10 часот во куќа во Куманово, каде престојувале, физички нападнале малолетничка и ја допирале по телото. За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 12.05.2023 во 17.00 часот во ОВР Прилеп, М.Р.(32) од Р.Албанија, а со престој во селото Бучин пријавила дека околу 13.45 часот во автобус кој сообраќал во Прилеп, била физички нападната од Ш.Б. од селото Бела Црква.
На 12.05.2023 околу 21.00 часот во Полициска станица Центар, П.Б. пријавил дека на балкон од стан на улицата Самоилова, сопственост на Б.С. (80) од Скопје, настанал пожар од плинска боца од кој бил зафатен и балконот на соседниот стан, сопственост на М.К. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредни лица нема. Полициски службеници излегле на местото на настанот.
На 12.05.2023 во 14.05 часот во Полициска станица Аеродром А.А.(48) од Скопје пријавил дека во 13.45 часот на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од 37-годишната Б.Н. од Скопје.
На 12.05.2023 во 10.30 часот во Полициска станица Драчево Д.К.(25) пријавил дека додека извршувал работни задачи на инсталација на кабел во населба Драчево, тој и неговиот татко Д.К.(55), по претходна расправија, биле физички нападнати од Д.Д.(46).
На 12.05.2023 околу 03.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на улицата Питу Гули во Велес настанал пожар на патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Ј.В.(23). Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Велес. Повредени лице нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
На 12.05.2023 во 13.02 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Куманово е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(36) и уште едно лице.
На 12.05.2023 околу 15.35 часот во Полициска станица Кратово е пријавено дека на игралиште на место викано „Мусала“ во Кратово, малолетник од Кратово, по претходно недоразбирање, физички го нападнал Д.М. (36) од Кратово.
На 12.05.2023 во 15.00 часот во Полициска станица Македонски Брод, Т.Д.(56) од Прилеп пријавил дека околу 02.30 часот на место викано Доголеде, атар на селото Слатина, Македонски Брод, бил физички нападнат од Г.С. од селото Грешница и од уште едно лице.