МВР – Извадок на дел од дневни настани 09.06. 2023

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 08.06.2023 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.П.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека ноќта на 30/31.05.2023 извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во автомобил и апарати за кафе на подрачјето на Струмица, при што одзел пари и други предмети. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дел од предметите и алат кој го употребувал при вршење на делата. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, билe пронајдени и одземени пиштол „зораки“, две рамки за пиштол и 48 куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  Вчера, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола од слобода го лишиле В.А.(43) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени муниција и предмети кои потекнуваат од тешка кражба извршена на 02.06.2023 од страна на неговите малолетни деца. Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признале делото. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 08.06.2023 во 08.00 часот во с.Ташмаруништа, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струуга го лишиле од слобода С.Н.(68) од с.Ташмаруништа. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 71 куршуми од различен калибар и една воздушна пушка. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.06.2023 во 03.30 часот во с.Петровец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.В.(39) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 08.06.2023 во 17.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(33) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 08.06.2023 во 21.10 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода А.А.(22) од Тетово затоа што кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 08.06.2023 во 22.30 часот на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода малолетник од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 09.06.2023 во 01.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Е.(22) од Република Косово, со живеалиште во Тетово, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за непрописно престројување на возила… 

- Advertisement -
Ad image

На 08.06.2023 во периодот од 07.00 до 12.00 часот на територијата на СВР Битола била спроведена акциска контрола за возачи кои прават прекршок при  првенство на минување, при што санкционирани се 13 возачи . На сите прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци.        

На 07.06.2023 во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Гвадалахара“ во Скопје, патничко возило „цитроен ц4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(24) од Скопје, удрил во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 08.06.2023 во 09.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Г.(58) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(30) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Градската општа болница „8  Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

- Advertisement -
Ad image

На 08.06.2023 во 19.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Еднокуќево и Моноспитово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 307“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Б.(29) од село Еднокуќево и мопед без регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник од село Еднокуќево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила  екипа на Полициската станица Струмица.        

На 08.06.2023 во ОВР Ресен, С.Т.(63)  од Ресен пријавила дека на ул.„29 Ноември“ во Ресен била касната од куче скитник . 

Share This Article