More

    МВР- Извадок на дел од дневни настани 08.02.2023

    spot_img

    На 07.02.2023 во 20.35 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ш.(38) од село Зрновци, општина Зрновци. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на затворска казна во времетраење од една година и 7 месеци за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „фалсификување исправа“. Лицето било предадено во установата за доиздржување на казната.

    Денеска (08.02.2023) во 04.30 часот на ул.„Браќа Џунови“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Џ.Д.(33) од Кавадарци. За него била распишана потерница по наредба на Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија поради бегство од затворот. Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната.

    На 07.02.2023 во 11.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Т.(41) од Куманово. Тој се сомничи дека измамил 31-годишен жител од  Липково за сума од 400 евра. Имено, откако се договориле  дека ќе му изгради куќа, ги зел парите и веќе не се појавил. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

    На 07.02.2023 во 13.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Р.(26) од Куманово. Тој се сомничи дека на 26.12.2022 одзел повеќе предмети од  приватен имот на улицата „Перо Чичо“ во вредност од околу 280.000 денари. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Р.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

    На 07.02.2023 во 20.40 часот на улица „11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.М.(37) од Кичево, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Во текот на вчерашниот ден (07.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 141 возач. Од нив три возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 80 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон при возење 14 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за возење под дејство на алкохол…

    Во текот на вчерашниот ден (07.02.2023) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. При контролата 98 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 31 товарно моторно возило и тоа: 19 за техничка неисправност на уредот за запирање, три за претовар, 10 за неисправни составни делови и опрема, а двајца возачи управувале со неисправни светлосни уреди. При контролата санкционирани се и 121 останат прекршок.

    На 07.02.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 12 прекршоци, од кои 8 во населено место и 4 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 08.00 до 12.00 часот, на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на товарни возила. За време на акциската контрола биле констатирани 6 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани. Санкционирани биле и 22 други видови на прекршоци од кои 8 за управување на возило без возачка дозвола, 3 за технички неисправно возило, 3 за управување возило под дејство на алкохол, 4 за некористење сигурносен појас, 3 за непрописно паркирање 1 за непрописно вградени фолии..

    Во рамките на континуираните активности за поголем ред и безбедност на патиштата во тетовско – гостиварскиот регион, вчера (07.02.2023) од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на товарни возила, претежно камиони, комбиња и пик-ап возила. При контролата, биле откриени и санкционирани вкупно 6 технички неисправни возила (ТЕ-5 и ГВ-1), од кои 5 (ТЕ) имале неисправни сопирачки, а 1 (ГВ) неисправни други системи и опрема. Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите им се изготвени соодветни поднесоци во кои за ваков прекршок е предвидена парична глоба од 400 евра во денарска противвредност. Покрај ова, кај 5 возила (ТЕ-2 и ГВ-3) бил констатиран претовар, како и 3 (ГВ) други видови недостатоци. Санкционирани, исто така, биле и двајца возачи (ТЕ) поради користење на неатестирани фолии и зборување на мобилен телефон, а поради непрописно, односно погрешно паркирање биле подигнати 7 возила (ТЕ).

    На 07.02.2023 во 10.10 часот во Полициската станица Чаир, Ж.Р.(39) од Скопје пријавила дека во населбата Радишани нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

    На 07.02.2023 во ОВР Прилеп, С.Л.(70) од Прилеп пријавила дека на ул„Мирче Ацев“ во Прилеп била касната од кучен скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img