More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 02.11. 2023

    spot_img

    На 01.11.2023 во 21.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода К.К.(23) и Н.П.(20), двајцата од Струмица. При преглед на К.К. бил пронајден и одземен кокаин, додека при претрес во домот на Н.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и пари во различни валути и апоени. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и со соодветна пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

    Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Д.Џ.(36) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „разбојништво“. Д.Б. се сомничи дека на 31.10.2023 околу 20.30 часот во Гевгелија со помош на Д.Џ. и со употреба на сила одзела накит од жителка на Гевгелија. По преземени мерки и активности, на 01.11.2023 двајцата биле лишени од слобода и во службен разговор во полициска станица го признале делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката.

    На 01.11.2023 во 06.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.И.(19) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На  02.11.2023 во 02.55 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода М.Ј.(39) од Кратово. Тој се сомничи дека на улица „Јосиф Даскалов“ во Кратово влегол во продажен  и угостителски објект и одзел пари и други предмети. М.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

    На 02.11.2023 околу 01.30 часот на влез во с.Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Г.З.(20) и Д.М.(19), двајцата од Косово. При контрола во возилото „фолксваген туран“ со косовска национална ознака, кое го управувал З.Г., а сопатник бил М.Д., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија. Тие биле задржани во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 01.11.2023 околу 15.00 часот во атар на с.Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес и Полициското одделение Чашка го привеле А.А.(67) од с.Бузалково. Тој бил затекнат како во корпа прикачена на трактор „имт“ без регистарски ознаки товара исечени огревни дрва без документација. Дрвата, тракторот, корпата и една моторна пила биле одземени и предадени на Шумска полиција Велес за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 01.11.2023 околу 13.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 61-годишниот гостиварец Е.Б.. Тој се сомничи дека реемитувал телевизиски канали без потребната лиценца и дека неговите услуги, според досега утврденото, ги користеле 2800 клиенти кои плаќале по 100 евра годишно. Во деловниот објект во кој работел и на други места биле пронајдени и одземени два компјутери, два рисивери и три мобилни телефони. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни пријави.

    На 31.10.2023 во 22.00 часот на автопатот А1, кај место викано „Остово“, велешко, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Х.Ѓ.(21) од Гевгелија. Тој бил баран со две централни потерници врз основа на наредби од Воспитно – поправен дом од Тетово поради бегство и на ОЈО ГООК Скопје за издржување на мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Лицето било спроведено во Казнено –  поправната установа Затвор Скопје.

    На 01.11.2023 околу 23.30 часот на локален пат Пирок – Раковец, тетовско, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 28-годишниот Б.Р. од Пирок. При негов и преглед на патничко моторно возило „мицубиши“ со хрватски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

    На 01.11.2023 околу 10.00 часот во ОВР Прилеп, Б.Н.(73) од Прилеп пријавил дека во неговата нива на место викано Долно Садово, прилепско, пронашол артилериска граната калибар 75 мм и едно панцирно зрно од Првата светска војна. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка. Увид бил извршен.

    На 01.11.2023 во 10.04 часот во СВР Битола било пријавено дека при изведување градежни работи на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола биле пронајдени две рачни гранати калибар 60 мм од Првата светска војна. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивните направи биле подигнати за понатамошна постапка. Увид бил извршен.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 327 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, 35 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло. Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон при возење, 25 санкции за некористење сигурносен појас, 13 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

    На 01.11.2023 во 06.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево, кај место викано Баткова чешма, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со регистрација на Македонска Каменица, управувано од Љ.В.(55) од с.Габрово и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(57) од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ѓ.(42) од Делчево, сопатник во возилото „мерцедес“, додека со телесни повреди се здобил уште еден сопатник во истото возило и возачот на возилото „поло“, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

    На 01.11.2023 околу 09.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Неготино, Д.Г.(52) од Неготино, управувајќи мопед „кимко“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата Д.Г. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Неготино. Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.

    На 01.11.2023 во ОВР Прилеп, С.В.(24) од с. Воѓани, прилепско, пријавила дека во Стара чаршија во Прилеп нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    На 01.11.2023 во Полициската станица Штип, Ј.Ј.(52) од Штип пријавила дека на ул.„Џемал Бједиќ“ во Штип бил касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img