На 06.06.2023 во 00.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(32) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од кокаин. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.06.2023 околу 23.45 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Е.К.(31) и Н.К.(24),двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на истиот булевар со употреба на сила и алат отвориле возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и од него одзеле предмет, а се обиделе да го одземат и возилото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека двајцата биле на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и до 09.06.2023 користеле отсуство.
На 06.06.2023 во 16.00 часот на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во куќа на улицата. Малолетникот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.06.2023 во 18.15 часот во трговски центар на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово привеле две малолетнички од Тетово и тетовско Селце. Тие биле фатени при извршување кражба во продажен објект. Украденото било вратено на сопственикот, а малолетничките биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.06.2023 во 09.45 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Д.У.(37) од Струга и Е.П.(46) од Куманово. Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во куќа во струшката населба Плитишта, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено при преглед кај нив и при претрес, извршен со судска наредба, во домот на Д.У. во Струга. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.06.2023 во 00.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(19) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 06.06.2023 во 13.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода М.А.(66) и М.Д.(67), двајцата од Струмица. Тие биле затекнати како со други лица вршат неовластена размена на парични средства, при што кај М.А. биле пронајдени и одземени различни валути во вкупна вредност од околу 1.000.000 денари, а кај М.Д. различни валути во вредност од околу 110.000 денари. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање, купување готовински странски платежни средства и чекови“ по член 55 од Законот за девизно работење.
На 06.06.2023 во с.Илино, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен пронашле патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, за кое на 20.03.2023 во СВР Охрид, сопственикот пријавил дека му било одземено на ул.„Егејска“ во Охрид. Возилото било вратено на сопственикот.
На 06.06.2023 во с.Забрчани, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп – Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Ц.Т.(76) од с.Забрчани затоа што кај него биле пронајдени и одземени ловечка пушка, пиштол „Црвена Застава“, рамка за пиштол, ремен за пушка и куршуми. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.06.2023 во 15.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Т.(46) од Македонски Брод затоа што по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на ОВР Македонски Брод. Тој бил предаден за спровод во Казнено-поправната установа Затвор Битола.
На 06.06.2023 во 19.15 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Ш.(37) од Радовиш затоа што по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси” по барање на Основен суд Радовиш. Тој бил предаден за спровод во Казнено-поправната установа Затвор Струмица.
На 07.06.2023 во 03.50 часот на магистралниот пат А2, кај место викано „Добра вода“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Франгово го лишиле од слобода К.Г.(30) од Република Албанија затоа што илегално влегол на територијата на РСМ, а при преглед кај него бил пронајден нож и бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден (06.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 369 возачи. Од нив 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 199 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 170 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за возење под дејство на алкохол…
Вчера (06.06.2023) во периодот од 12.00 до18.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 74 возачи . Од вкупно 74 возачи , 52 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 22 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 06.06.2023 во 13.50 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат А-1, делница село Удово – село Марвинци, општина Валандово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од М.К.(68) од село Пирава, валандовско и патничко возило „сузуки“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(36) од село Јосифово, валандовско. Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал од лекар од Здравствен дом Валандово. А.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од Полициската станица Валандово.
На 06.06.2023 во 05.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Количани-с.Драчево, скопско, патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(19) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(18) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле М.С. и уште две сопатнички М.Д.(20) и М.М.(18), двете од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 06.06.2023 во 12.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Вук Караџиќ“ во Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.М.(77) од с.Долно Којнаре, кумановско, удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
На 06.06.2023 во 16.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Андон Шурков” во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел” со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.С.(28) од Велес и мопед „априлија” со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
На 06.06.2023 во 19.10 часот во Полициската станица Драчево, И.К.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ била касната од куче скитник.
На 06.06.2023 во СВР Битола, Д.Ѓ.(69) од Битола пријавил дека кај место викано „Стара болница“ во Битола бил каснат од куче скитник .
На 06.06.2023 во СВР Битола, С.С.(72) од Битола пријавил дека во Градски пазар во Битола бил каснат од куче скитник .