Муцунски вели дека принципот е нарушен во 2016 година од ДУИ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Принципот победник со победник не важи за ВМРО-ДПМНЕ затоа што истиот е веќе нарушен од страна на ДУИ во 2016 година, како и дека посакуван коалициски партнер се партиите од албанската опозиција, а целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се стигне до 61 пратеник и повеќе. изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Муцунски посочи дека и анкетите покажуваат дека партиите од албанскиот опозициски блок се доближуваат до ДУИ, а може и да го надминат.

-Принципот победник со победник беше нарушен од страна на ДУИ в 2016 година, што значи дека истиот веќе не треба да се применува. Наш посакуван партнер и тоа јавно го кажуваме е коалицијата од албанската опозиција. Анкетите на јавното мислење и тие анкети кои внатрешно ги гледаме и тие кои се објавуваат покажуваат дека веќе навистина со рејтинг се доближуваат, а можеби и ќе го надминат ДУИ, но на граѓаните е да одлучат каков ќе биде резултатот- рече Муцунски во дневникот на ТВ Сител.

Муцунски нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ е клучно да се стигне до бројката 61 и потоа да се надмине таа бројка.

Share This Article