Српската пејача Марија Шерифовиќ му помогна на Мустафа Хрустиќ од Зеница, кој спиеше под мостот, да му обезбеди покрив над главата и нормални услови за живот. Меѓутоа, како што сега пренесуваат медиумите, момчето ја измамило пејачката и се претставило во сосема поинакво светло од она какво што е.
Марија му нашла работа на градските базени, му платила кирија за стан во период од една година, но и три оброци дневно во блискиот ресторан.
Сега се појави веста дека Мустафа бил избркан од станот, за што Марија му платила кирија, а се огласил и сопственикот на станот кој тврди дека е обичен измамник.
Таа тврди дека снимањето на Мустафа под мостот било чиста глума, со која сакал да го добие сожалувањето на луѓето и донации. Го нарече безделник, лажго, коцкар и алкохоличар, а кажа и дека е многу неуреден и дека е лага дека живее со сопругата и трите деца.
Да потсетиме, на Марија ѝ беше жал кога слушна за ова момче дека живее под мост.
– Мустафа е прекрасно момче, сигурно има илјадници такви примери. Но ако малку му помогнеме, тој ќе ги надмине сите маки и тешкотии – рече тогаш Марија.