More

    Мурињо повторно во центарот на вниманието: „Не сум понизен“

    spot_img

    Тренерот на Рома, Жозе Мурињо изјави дека „се согласува со оние кои тврдат дека е понизен“ и додаде дека има емпатија за луѓето со кои работи, пренесуваат италијанските медиуми.

    Рома имаше лош старт на новата сезона во Серија А, а римскиот клуб моментално се наоѓа на 13. место на табелата со осум бодови.

    Мурињо има договор со клубот до крајот на сезоната, а италијанските медиуми тврдат дека португалскиот стручњак нема да добие понуда за продолжување на соработката доколку „волчицата“ продолжи со слаби резултати.
    „Не сум скромен и се согласувам со луѓето кои го велат тоа. Но имам и некои достигнувања во кариерата. Ја освоив Лигата на шампионите со Порто, што е огромен успех, со девет португалски играчи во стартниот тим во финалето, со седум играчи кои немаа играно во Лигата на шампионите до таа сезона. Бев среќен, бидејќи можев да работам во големи клубови. Го освоив европскиот трофеј со Манчестер Јунајтед и Рома“, изјави Мурињо.
    Пред Рома раководеше со Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал, Интер, Порто и Леирија, а во својата тренерска кариера освои вкупно 25 трофеи.

    „Еден генијален професор од универзитетот ми рече дека не сакам да бидам тренер на фудбалери, туку на луѓе кои играат фудбал. Нема тајни. Едноставно сум јас, имам емпатија за луѓето кои работат со мене. Емпатијата значи и дека си критичен, отворен, искрен, но и дека бараш одредени работи од играчите“, објасни тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img