More

    Мурињо ќе го гледаме на СК: Оди во Саудиска Арабија и го менува Хрватот?

    spot_img

    Жозе Мурињо пред само неколку дена доби отказ од Рома, а веќе е на прагот на нов ангажман.

    Како што пренесуваат медиумите од Саудиска Арабија, славниот португалски тренер ќе го преземе тимот на Ал Шабаб, односно на клупата ќе го замени Хрватот Игор Бишќан.

    Претходно беше објавено дека Мурињо одбил профитабилна понуда од Саудиска Арабија бидејќи се надевал дека ќе го продолжи договорот со Рома.

    Наместо да ја продолжи соработката, тој доби предвремен раскин на договорот и слободно може да избере нова средина, а се чини дека брзо ќе се смести во богата арапска земја.

    Мурињо даде зелено светло за преговорите и сега само чекаат дозвола од Финансиската комисија на тамошното Министерство за спорт да ја спроведат работата.

    Под водство на Бишчан, Ал Шабаб забележа четири победи, три нерешени и пет порази. Тие не се задоволни од ваквиот настап во клубот и сега решија решението да го бараат во еден од најпознатите тренери на денешницата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img