Мухамед Зекири останува во притвор, откако денеска Основниот Кривичниот суд – Скопје му одреди нови 30 дена

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири останува во притвор, откако денеска Основниот Кривичниот суд – Скопје му одреди нови 30 дена, потврдија извори од Судот за МИА.

Ова е второ продолжување на мерката притвор за 30 дена на Зекири, кого ОЈО-ГОКК го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања. Првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април, а првото продолжување на 5 мај. За двете одлуки Зекири поднесе жалби, кои беа одбиени.

Обвинителството го товари Зекири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941.985 евра што е за околу 147.000 евра повеќе од 795.000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

Share This Article