More

    МТСП: Во првите 100 дена обезбедивме историски раст на минималната плата и пензиите

    spot_img

    Министерството за труд и социјална политика во првите 100 дена од работата на Владата на Република Северна Македонија, реализираше клучни одлуки кои се во насока на унапредување на животниот стандард на сите граѓани.

    Зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари се реализираше во првите три недели од работата на Владата. Низ социјален дијалог, како единствен начин за доаѓање до најодржливо решение за сите важни прашања во државата, Владата и Министерството потврдија дека имаат слух и за работниците и за работодавачите. Оваа законска измена донесе директна придобивка за околу 160.000 работници кои сега добиваат најмалку 18.000 денари месечна плата.

    Во првите 100 дена, преку одговорна и посветена работа на сите чинители вклучени во економско-социјалниот дијалог се обезбеди и континуиран раст на пензиите, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот на пензионерите.

    Со воведувањето на новата методологија од септември 2022 година, пензионерите секој месец ќе имаат просечно по 900 денари плус на својата сметка.

    Во време на најголема светска економско-енергетска криза и ценовен шок од воената агресија на Русија врз Украина, а со цел поддршка на пензионерите како дел од ранливата категорија на граѓани, обезбедивме и директна финансиска помош, по 1000 денари за 3 месеци, односно вкупно 3.000 денари, за речиси 330 илјади пензионери. На годишно ниво, заедно со директната финансиска помош, во просек пензионерите ќе имаат околу 12.000 денари плус во домашниот буџет.

    Финансиска поддршка се обезбеди и за примателите на Гарантирана минимална помош, во висина од 1.000 денари за три месеци, со Закон за изменување и дополнувања на Законот за социјалната заштита.

    Во првите 100 дена, Министерството за труд и социјална политика, како дел од процесот на деинституционализација, отвори три станбени единици – една во Велес и две во Демир Капија – за живеење со поддршка кај лиценцирани приватни даватели на социјални услуги со корисници од Специјален Завод Демир Капија. Малите групни домови, нудат 24 часовна поддршка од стручни лица на корисниците на оваа социјална услуга и обезбедуваат средина и опкружување најблиски на семејните.

    За Министерството за труд и социјална политика, грижата за граѓаните и унапредување на квалитет на живот останува приоритет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img