Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска како предводник на делегацијата на Република Северна Македонија заедно со нејзиниот тим, деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, продеканката на Филозофскиот факултет, Наташа Станојковска Трајковска и професорката на Институтот за социјална работа и социјална политика, Софија Георгиева беа на свечен пречек приреден од страна на Претседателот на Градското собрание на Град Загреб, Јошко Клисовиќ.
Приемот беше приреден во склоп на студиската посета на македонската делегација во Република Хрватска со цел динамична размена на искуства во делот на промоција на менталното здравје на децата и младите.
Претседателот на градското собрание на делегацијата им посака топло добредојде и ја истакна важноста на студиската посета. Тој се осврна на пандемијата и последните случувања во светот кои влијаат на менталното здравје и посочи дека сега е вистинскиот момент за развивање на социјални услуги во оваа насока.
Министерката во своето обраќање рече дека според Уставот, Република Северна Македонија е социјална држава која се грижи за секој граѓанин и која промовира солидарност и еднаквост. Таа посочи дека токму тоа е мотивот на краткиот студиски престој. Тренчевска истакна мултисекторскиот пристап кој што го има Загреб во процесот на креирање нови иновативни пристапи, европската регулатива, како и развојот на системот за социјална заштита се примерите по кои интензивно ќе ги следи Министерството при својата работа.