More

    Мрачна прогноза на Мајк Пенс, можниот иден претседател на САД

    spot_img

    Поранешниот американски потпретседател и републикански претседателски кандидат на изборите следната година Мајк Пенс смета дека поддршката за Украина е неопходна.

    Тој очекува дека ако Киев биде поразен, руската армија ќе ја премине границата на една од земјите на НАТО, принудувајќи ја американската војска да се бори за сојузниците.

    – Очекувам дека ако Русија ја победи Украина, нема да помине долго пред руската армија да ја премине границата, кога нашите мажи и жени во униформи ќе треба да тргнат во битка – рече Пенс во интервју за Ен-би-си Њуз.

    Пенс истакна дека може да се работи за преминување на границата на „сојузниците на НАТО – Полска, Естонија, Летонија, Литванија“.

    Според претседателскиот кандидат, сегашниот скептицизам меѓу Американците во однос на воената поддршка за Украина е „одраз на недовербата во претседателот Џо Бајден како врховен командант“.

    – Во наш национален интерес е да ја видиме руската војска истисната од Украина, а не Џо Бајден да зборува за големи демократски цели – рече Пенс, додавајќи дека тоа исто така ќе испрати сигнал до Кина за Тајван или на друго место во азиско-пацифичкиот регион.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img