Можно ли е да се одложи зимското сметање на времето?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Можно ли е да се одложи зимското сметање на времето?

Како што веќе е најавено, зимското сметање на времето треба да почне в недела на 30 октомври. Тогаш ќе ги поместиме стрелките од 3 на 2 часот и ќе добиеме дополнителен час. Летното сметање на времето треба да се врати на 27 март вгодина.

Но, Владата го задолжила Министерството за економија да ги разгледа можностите да продолжи летното сметање на времето, заради дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.

Многу промени низ историјата

Во стручната, но и во општата јавност, секогаш постоеле дилеми дали летното и зимското сметање на времето е добро и практично решение за земја како Македонија.

Практиката првпат ја вовела Германија во пикот на Првата светска војна, на 30 април 1916 година. Часовниците во Германската империја биле поместени за ѝ час нанапред и така почнало првото летно сметање на времето. Трендот брзо се раширил низ цела Европа. Првата промена на времето во САД се случила во 1918 година.

Германија престанала да го поместува часовникот во 1919, а Австрија во 1921 година, додека Обединетото Кралство, Ирска и поголемите градови во Франција, како Париз, продолжиле да го поместуваат времето. За време на Втората светска војна, повторно се раширило низ Германија, а потоа и низ повеќе европски земји. Всушност, командантите на Хитлер ја наметнале оваа мерка во многу земји што ги окупирале, како Данска и Полска.

Уште една светска криза предизвикала повторно воведување смена на времето, кога Организацијата на арапските земји што извезуваат нафта (OAPEC) ставила ембарго во октомври 1973 година. Цените на нафтата скокнале до небо и предизвикале рецесија на цел континенти. Оваа ситуација повторно поттикнала драстични мерки. Франција била првата што го вратила летното и зимско сметање на времето во 1976 година. Веќе до крајот на 70-тите години речиси цела Европа двапати годишно го менува времето. Во 1996 година Европската Унија го стандардизирала распоредот, а оваа директива сè уште е во сила. Но, оваа практика требаше да се укине, откако Европскиот парламент гласаше трајно укинување на смената на времето во Европската Унија, почнувајќи од 2021 година.

„Зимското време“ е премногу тмурно

- Advertisement -
Ad image

Критичарите на промената на времето велат дека покрај здравствените последици, тоа не ја исполнува ниту основната цел. Промената на времето во летно сметање треба да донесе заштеда на енергија во потоплите месеци. Убедувањето е дека поместувањето на стрелките за еден час напред ќе ја намали потрошувачката за осветлување. Но, според експертите, ефектите се незабележливи.

Доколку во Македонија се воведе перманентно летно сметање на времето, во зимските месеци Сонцето ќе изгрева најдоцна до 7.30-7.45 часот наутро, но ќе заоѓа најрано во 17.30-17.45 часот, односно еден час подоцна од „зимското“ време. Тоа значи еден час повеќе дневна светлина во попладневниот период, односно дополнителна можност за довршување на некои обврски и активности за кои е потребна светлина (вработени и ученици во попладневните смени, семејни активности, попладневна рекреација и друго).

Некои експерти тврдат дека ваквото, летно сметање на времето одговара за подрачјето на Македонија, со оглед на нејзината крајно источна положба во средноевропската часовна зона (помеѓу 20.30 и 23.30 степени источно од Гринич), со мал дел во источноевропската часовна зона. Со оглед на положбата, во зимските месеци и по „зимско време“, во Македонија навистина прерано се стемнува, за разлика од земјите во истата зона кои лежат по на запад.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article