Може ли да се собори рекордот во лежење од 117 часа?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Жарко Пејановиќ од Подгорица и Вук Кољеншиќ од Даниловград водат меѓусебна битка во бизарниот натпревар во излежување во Црна Гора, во обид да го соборат ланскиот рекорд на Дубравка Алексиќ од Подгорица, која не станувала цели 117 часа.

Натпреварот во лежење, единствен таков во Европа, по 11-ти пат се организира во етно-селото Монтенегро во Брезна, во Пива. На „стартот“ на битката за освојување на паричната награда од 350 евра, се собраа девет натпреварувачи, но седуммина брзо се откажаа, јави подгоричкиот портал Вијести.

Правилата не се променети во однос на минатата година. Дозволено е јадење и пиење, читање книги, лаптоп, телефон – само станувањето не е дозволено. Одењето во тоалет е дозволено на секои 8 часа.

Share This Article