Николоски: Можам да најавам дека до крај на годината уште најмалку шест нови авио линии ќе имаме од скопскиот и охридскиот аеродром

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Можам да најавам дека до крај на годината уште најмалку шест нови авио линии ќе имаме од скопскиот и охридскиот аеродром. Веќе донесовме 4 од Скопје и 2 од Охрид, овие нови 6 дополнително ќе ги објaвиме до крај на годината, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисија на ТВ Канал 5.

– Ќе имаме нови дестинaции. До крај на годината уште нови 6 линии ќе објавиме кои ќе оперираат од скопскиот и охридскиот аеродром. Видете, кога дојдов на позицијата министер увидов дека бројот на патници се намалуваше, а аеродромите во регионот ја зголемуваа конкуренцијата. Морам да кажам дека по карактер имам натпреварувачки дух и тоа беше голем мотив да ги сменам работите и еве сега се менуваат работите. Ќе имаме нови дестинации и нека повелат колегите од Бугарија, Албанија, Србија да се натпреваруваме, мислам дека јас ќе донесам најмногу авиолинии – рече Николоски.

Share This Article