Руското министерство за одбрана истакна дека здружените сили предводени од руската армија, го освоиле селото Пески во Украина, предградие на градот Доњецк.
Нема потврда од независен извор дека Пески навистина е во рацете на руските сили, но во изминативе денови постојано беше известувано за жестоки борби во реонот на селото.
Инаку, Пески претставува една од највкопаните точки на украинската војска, а самото село се наоѓа на извонредно стратешка позиција во однос на Доњецк, најгоемиот град во посед на проруските сепаратасти во Украина.