Москва ризикува да предизвика директен воен конфликт со НАТО со пресретнување бродови во меѓународните води и обиди да наметне економска контрола над Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Москва ризикува да предизвика директен воен конфликт со НАТО со пресретнување бродови во меѓународните води и обиди да наметне економска контрола над Украина, изјави за Политико поранешниот врховен командант на силите на НАТО во Европа адмирал Џејмс Ставридис.

Според пензионираниот американски адмирал, кој командуваше со силите на алијансата на континентот меѓу 2009 и 2013 година, ескалацијата во Црното Море, вклучително и качувањето на руски официјални лица на турски брод минатата недела, може да ги принуди партнерите на Киев да се вмешаат за да спречат слабеењето на украинската економија.

„Руските дејствија во меѓународните води на Црното Море создаваат реален ризик ситуацијата да ескалира во војна на море меѓу НАТО и Руската Федерација“, рече Ставридис.

Според него, НАТО „нема да и го обезбеди целото оружје и пари на Украина само за да гледа како Русија ја задушува својата економија со нелегална блокада“.Руското Министерство за одбрана во вторникот потврди дека руски воен брод испукал предупредувачки истрели пред неговите претставници да се качат на товарниот брод Шукру Окан кој пловел под знамето на пацифичката држава Палау, кој украинскиот министер за надворешни работи го идентификувал како турски.

Фактот дека инспекцијата е извршена во југозападниот дел на Црното Море, покрај брегот на Турција, која е близок партнер на НАТО, е од чувствителна природа.

Ставридис  ја нарече оваа тактика „еднаква на пиратство“ и рече дека Кремљ оди предалеку за да ги разниша основите на трговијата меѓу Украина и остатокот од Европа.

Адмирал Џејмс Ставрдис (лево) во разговор со генерал Дејвид Х. Петреус (Википедија)

 

Share This Article