Русија побара во четврток да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН во врска со украинските напади врз нуклеарната централа во Запорожје, изјави извор од руската мисија во ОН.
„Русија побара брифинг на Советот за безбедност на ОН на 11 август напладне, во врска со најновите украински напади врз нуклеарната централа Запорожје и нивните потенцијални катастрофални последици“, рече изворот.
Според информациите до кои дојде дописникот на агенцијата ТАСС, Русија побарала на седницата да присуствува и генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси, кој го составува извештајот за споменатото прашање.
Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, и нејзината околина беа гранатирани во неколку наврати, а Русија и Украина разменуваат обвинувања за напади.