Москва ќе му достави ракетни системи Искандер-М на Минск во следните месеци, изјави рускиот претседател Владимир Путин на отворањето на разговорите со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко во саботата, јавува ТАСС.
– Како што јас и ти се договоривме, вие прашавте за ова, а ние донесовме одлука. Во следните месеци ќе ѝ испорачаме на Белорусија тактички ракетни системи Искандер-М кои, како што е познато, можат да користат и балистички и крстаречки ракети и во стандардните и во нуклеарните модификации – рече Путин.
Рускиот лидер исто така предложи да им се наложи на руските и белоруските министри за одбрана и началниците на Генералштабот да работат на сите детали поврзани со ова прашање.
– Апсолутно се согласувам – рече Лукашенко.
– Договорено – заклучи Путин.