More

    Москва ја притиска „окупациските власти во Украина“ да ја зацврсти контролата

    spot_img
    Британското Министерство за одбрана денеска објави проценка дека властите инсталирани од Русија на окупираните територии на југот на Украина веројатно се подготвуваат годинава да одржат референдуми за приклучување кон Русија, јавува Радио Слободна Европа.
    Во својот дневен билтен на Твитер, Министерството соопшти дека „окупациските власти во Украина“ се под зголемен притисок од Москва да ја зацврстат контролата.

    „Локалните власти веројатно го принудуваат населението да дава лични податоци за да ги состави избирачките списоци“, наведува Министерството.

    Русија смета дека окупираните територии во Украина се под привремена „цивилно-воена администрација“.

    Минатиот месец, воената администрација инсталирана од Москва во областа околу окупираниот град Херсон соопшти дека се подготвува да одржи референдум за приклучување кон Русија.

    Херсон, пристаниште на Црното Море, е целосно под руска контрола од почетокот на март.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img