Москва го прекинуваат учеството во клучниот договор!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Русија објави дека го прекинува учеството во договорот за жито по денешниот напад во Севастопол врз воени бродови на Црноморската флота и врз трговски бродови ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.

– Имајќи го предвид терористичкиот акт извршен од режимот во Киев со учество на британски експерти на 29 октомври 2022 година, против бродовите на Црноморската флота и цивилните бродови ангажирани за обезбедување на безбедноста на коридорот за жито, Русија го суспендира своето учество во спроведувањето на договорот за извоз на земјоделски производи од украинските пристаништа – се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Според тврдењата на руското Министерство, британски експерти од градот Очаков, Николаевска област, учествувале во планирањето на денешниот напад со девет беспилотни летала и седум автономни поморски беспилотни летала на руски бродови на Црноморската флота и цивилни пловни објекти, кои беа лоцирани на надворешните и внатрешните приклучоци во базата во Севастопол.

Русија, вклучително заедно со Турција, е подготвена бесплатно да испорача до 500.000 тони жито до најсиромашните земји во рок од четири месеци. Ова денеска го изјави аграрниот министер на Руската Федерација Дмитриј Патрушев во етерот на телевизијата „Русија-24″.

Share This Article