More

    Москва ги засили мерките за безбедност по атентатот на Трамп

    spot_img

    Безбедносните мерки за претседателот на Русија, Владимир Путин, се зајакнати поради обидите за ликвидација на лидерите на другите земји и се прави сè што е потребно за тоа, изјави прес-секретарот на шефот на руската држава, Дмитриј Песков.

    „Безбедносните мерки веќе се зајакнати од очигледни причини, без оглед на споменатите инциденти“, рече портпаролот на Кремљ, одговарајќи на прашања за потребата од зајакнување на безбедносните мерки на Путин по атентатите врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп и словачкиот премиер Роберт Фиц извршени во последните два мнесеци.

    – Безбедноста на шефот на државата е обезбедена на соодветно ниво, се прави сè што треба да се направи, имајќи ја предвид, се разбира, меѓународната ескалација на тензиите воопшто – нагласи Песков.

    Фицо се здоби со неколку прострелни рани за време во нападот што беше извршен врз него на 15 мај и беше подложен на серија операции. Напаѓачот е приведен.

    Обидот за убиство на Трамп се случи на 13 јули на предизборен митинг во Пенсилванија. Поранешниот американски претседател е ранет, но неговиот живот не е во опасност, раната била полесна.

    Во нападот на Трамп загина еден од неговите поддржувачи. Напаѓачот бил убиен од припадници на Тајната служба, која го штити поранешниот претседател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img