More

    Московјани и денеска се поклонуваат пред гробот на Навални

    spot_img

    Гробот на Алексеј Навални во Москва и денеска беше покриен со цвеќе, а неговите сонародници сè уште доаѓаат да му оддадат почит.

    Редот на гробиштата Борисово во југоисточниот дел на руската престолнина е долг неколку стотици метри. Сами или во помали групи Русите го посетуваат гробот каде Навални во петокот беше погребан, што е преполн со венци и цвеќиња.

    Француските медиуми пишуваат дека во споредба со изминатите два дена на гробиштата има помало присуство на полицијата.

    Освен заради „тага“, „болка“ или „лутина“, многу московјани пристигнуваат на гробот за да му „покажат наклонетост и љубов“ на поранешниот жесток противник на Путин, кој почина пред две недели во казнената колонија Поларниот волк во Карпо, околу 1900 километри североисточно од Москва, каде отслужуваше 19-годишна затворска казна заради „екстремизам“.

    Оддавањето почит на критичарот на Путин доаѓа само две недели пред претседателските избори (15-17 март), на кои се очекува да победи Владимир Путин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img