More

    Морисон во пандемијата сакал да седи на повеќе столчиња

    spot_img

    Информациите дека поранешниот австралиски премиер сам си се поставил на неколку министерски позиции за време на пандемијата од ковид-19, денеска предизвикаа политички скандал. Неговиот наследник вети брза истрага.

    Премиерот Ентони Албанезе го обвини поранешниот шеф на Владата, Скот Морисон, за лоши политички потези, откако протекоа информации дека сам се поставил на позиции, меѓу другото, на министер за здравство, финансии и ресурси, а за тоа не ги известил колегите, Парламентот, избирачите.
    Албанезе денеска изјави дека побарал правна помош, нарекувајќи ги потезите на Морисон „без преседан“. Тој очекува дополнителни информации во текот на денешниот ден.

    – Се работи за политички потези што би ги исмејувале, доколку беа во недемократска држава. Скот Морисон ја водеше Владата од сенка – тврди Албанезе.

    Како што се пишува, во некои случаи, Морисон се поставил себеси за министер, а не ги известил членовите на кабинетот, кои претходно ги назначил на истите позиции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img