More

    МОН: Процесот на одобрување на еден учебник го води Националната комисија за учебници и врз него во никој случај и од ниеден аспект не влијаат раководните структури на Министерството, ниту, пак, било кои политички чинители

    spot_img

    Во однос на одредени забелешки пренесени од страна на медиумите во текот на вчерашниот ден за учебникот по Албански јазик за 5-то одделение, МОН повторно ја информира јавноста дека процесот на одобрување на еден учебник го води Националната комисија за учебници и врз него во никој случај и од ниеден аспект не влијаат раководните структури на Министерството, ниту, пак, било кои политички чинители, соопшти денеска Министерството за образование.

    „Со оглед на тоа дека образованието, а воедно и целокупниот воспитно-образовен процес се политички неутрални и надвор од дневните партиски политики, а со цел избегнување на инволвираност на одредена политичка партија или структура во учебниците, МОН апелира до авторот на посочениот учебник и Педагошката служба, да постапат согласно Законот за учебници. Членот 14 во законското решение децидно уредува во случај ако се констатира дека во одобрен учебник се потребни одредени исправки или дополнувања, а истите не претставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот, Педагошката служба треба да достави барање до издавачот, односно авторот да предложат исправка или дополнување во текстот на учебникот во рок од 30 дена од денот на добивање на барањето. Барање за дополнување или исправка може да поднесе и самиот автор или издавач. Веднаш по постапувањето на авторот и Педагошката служба, Министерството за образование и наука во комуникација со економскиот оператор кој е избран да ги испечати учебниците за учениците од основното образование, во најкус временски рок и без дополнителни трошоци по буџетот, ќе изврши корекција на увидените пропусти и грешки“, наведено е во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img