More

    Момчето убиец сака да види само две лица

    spot_img

    Момчето убиец Коста Кеџмановиќ сака само две лица да го посетат во психијатриската установа во Белград. Тој составил нов список, пишуваат српските медиуми.

    – Коста постојано измислува некои нови идеи и барања, а овој пат реши да им стави до знаење на сите кои се луѓето што сака и не сака да ги види на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, каде што беше месеци – објаснува неименуван извор за Информер и додава:

    – На хартијата напиша дека неговата сопствена сестра, која е само неколку години помлада од него, и неговиот вујко се единствените луѓе кои би сакал да ги види на клиниката, односно во неговата околина. Тој изјави дека само тие се добредојдени и дека не сака да се гледа со никој друг.

    На 3 мај минатата година Коста К. изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибинкар“ во населбата Врачар во Белград. Пред да убие девет соученици на часот по историја и чувар од училиштето тој имал составено список. Утврдено е дека Коста истрелал вкупно 57 куршуми за време на рацијата, која траела само 120 секунди.

    Според резултатите од истрагата, момчето користело два пиштоли на татко му кои ги зел од сефот на 3 мај. Дополнително подготвил четири молотови коктели, сето тоа го ставил во ранецот и отишол на училиште, каде ја извршил својата крвава гозба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img