Момчето кое се самозапали пред кривичниот суд на Менхетен, каде што се води судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, почина во болница, соопшти денеска њујоршката полиција.
Според американските медиуми, станува збор за Максвел Азарел, кој се полил со запалива течност во паркот Колект Понд, спроти судницата.
Тој во критична состојба бил пренесен со возило на брза помош во одделението за изгореници, а подоцна во болницата била констатирана смрт, соопшти њујоршката полиција.