Момче (2) нарачало 31 чизбургер од телефонот на мајка си

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мајка од Тексас на потешкиот начин научила дека не треба да остава отклучен мобилен телефон во близина на својот двегодишен син. Небрежноста го натерало момчето да нарача 31 чизбургер од Мекдоналдс преку локална компанија за испорака на храна.

Келси Голден, која се занимава со маркетинг, работела од дома и префрлала фотографии од телефонот на компјутер кога дошол нејзиниот двегодишен син и го зел телефонот. Мајката објаснила за CNN дека момчето сака да го гледа својот лик на екранот кога камерата е вклучена и филтрите се менуваат. Меѓутоа, овој пат не се гледаше само себеси.

Почна да притиска на екранот и да го движи прстот како раката да му е на тобоганот“, изјави Голден.

Набрзо била известена од локален курир дека нејзината нарачка траела подолго од вообичаено. Оваа порака ја изненадила бидејќи тој ден, како што вели, не порачала храна.

Ситуацијата се разјаснила кога пред куќата било паркирано возило за испорака, а доставувачот од Мекдоналдс извадил огромна торба во која имало 31 чизбургер. Голден вели дека прво помислила дека доставувачот ја згрешил адресата.

„И тогаш ми текна дека Барет си игра со мојот телефон. Го зедов телефонот и видов дека во тој момент е направена нарачка“, објаснила мама и додала дека мора да плати 91,7 долари за несакана нарачка.

Бидејќи никој од нејзиното семејство не сака чизбургери, Голден на заинтересираните им понуди бесплатни оброци преку нејзиниот Фејсбук профил.

Келси вели дека набрзо се појавила една трудница која сакала шест чизбургери, а другите ги поделила во соседството.

Share This Article