Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер, потврди дека владата одлучила да ја зголеми меѓународната помош за одбранбениот сектор на две милијарди евра, а повеќето од овие средства ќе бидат наменети за Украина како воена помош. Средствата Украина најмногу треба да ги користи за купување воена опрема, јавија американските медиуми.
Овој потег доаѓа по притисокот од Украина, бидејќи претседателот Зеленски денеска повторно побара повеќе оружје од земјите што го поддржуваат, но и по критиките од другите влади на ЕУ за „очигледниот недостаток на поддршка од Германија за Киев“.