Реал Мадрид загуби со 4:0 во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити на „Етихад“ и беше елиминиран од натпреварувањето со вкупен резултат 5:1.
Капитенот на хрватската репрезентација беше свесен за својата лоша игра, па по натпреварот се обвини себеси за дебаклот во соблекувалната.
Модриќ се обвини себеси за лошата ноќ на Реал бидејќи е свесен дека настапот на целиот тим, особено на нападот, најмногу зависи од перформансите на средниот ред“, пишува Дефенса Централ и открива што извикал Модриќ во соблекувалната:
„Лука, одигра катастрофално“, си викаше капитенот на Ватрени.
Модриќ е во Реал од 2012 година, а неодамна се согласи да ја продолжи соработката на уште една сезона со Краљеви.